HalkPay

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Мобилниот телефон навистина станува замена за паричник. Имајќи го ова предвид, Халкбанк на своите клиенти корисници на платежни картички им овозможува да уживаат во побрзо и поедноставно бесконтактно плаќање на сите ПОС терминали преку новата мобилна апликација HalkPay.

Сакајќи да ги заинтересираме корисниците за новата апликација преку драматизирање на вредноста да се има и користи оваа апликација, креиравме автентична и релевантна корисничка платформа и тоа на комуникациско и содржинско ниво.

Преку експериментирање со AR технологијата, дојдовме до доста интересен спој на реалното и компјутерски генерираното, па така се создаде и првата некогаш направена ТВ реклама која комбинира видео од реални сцени во животот со 3D анимација и во која, двата главни новосоздадени карактери, мобилниот телефон и паричникот, раскажуваат љубовна приказна и на крајот стануваат едно: паметен телефон со можност за плаќање. На овој начин всушност ја пренесовме и главната порака на кампањата: Отсега мобилниот телефон навистина станува паричник, а на корисниците им отворивме свет на нови можности преку наједноставниот, иновативен и лесно достапен начин на плаќање.

Комуникацијата што следеше беше интегрирана низ сите канали, а како дел од кампањата, креиравме и 7 смешни видеа со грешки со главните ликови, кои наводно се случиле за време на снимањето на ТВ рекламата.