Со цел да го поддржиме лансирањето на Heineken 0.0 на пазарот и дополнително да ги заинтригираме потрошувачите, развивме тизер кампања со идеја да создадеме еден вид на одбројување до датумот на лансирањето, повикувајќи ја целната група да ја разреши мистеријата и да ги открие локациите кои беа пренесувани преку криптирани пораки на билборди, веб-банери и преку инфлуенсери кои ги повикуваат потрошувачите да ја зачуваат Destination 0.0 на нивната апликација Google maps. Кампањата беше комуницирана во две фази, преку веб банери и билборди заедно со поддршка преку социјални медиуми и ПР, а се со цел да се создаде интерес за одбројување до датумот на лансирањето, повикувајќи ги потрошувачите да ги зачуваат Destination 0.0 локациите каде што ќе се случат промотивните настани. На датумот на лансирањето, објавивме дека Destination 0.0 се активни локации и сè што целната група треба да направи е да ги следи упатствата за возење до локациите означени на Google maps. Како потрошувачите пристигнуваа до Destination 0.0, промо-тимовите од Heineken 0.0 ги пречекуваа на импресивни брендирани промо пултови и ги повикуваа да го пробаат Heineken 0.0. На овој интересен начин, на пазарот е претставен најновиот член на семејството Heineken, Heineken 0.0 со 0% алкохол и 100% одличен вкус.