За нас

Добредојдовте во McCann Skopje,

местото каде што ќе почувствувате енергија водена од разум, инспирирана од страст.

McCann Skopje е формирана во 1997 година и е еден од основачите на македонската рекламна индустрија. Обезбедува целосен спектар на маркетинг комуникациски  услуги почнувајќи од комуникациска стратегија и комуникациски менаџмент, креативна стратегија и креативни решенија, брендинг, односи со јавност, дигитални комуникации, промоции и настани, спонзорства, итн.

McCann Skopje е е дел од Adriatic Advertising која е во сопственост на Across Media Holding. McCann агенциите во рамките на Adriatic Advertising се едни од водечките и најнаградуваните агенции во овој дел од Европа.

Во пошироки рамки, McCann Skopje е дел од McCann Worldwide една од најголемите светски агенциски мрежи, со над 20.000 вработени во повеќе од 100 држави, препознаена како основач на модерниот модел на маркетинг агенции и креатор на некои од најпознатите и најреномираните маркетинг кампањи во историјата.

Бескрајната креативност комбинирана со несекојдневна и уникатна реализација преку различни комуникациски канали е експертиза на McCann Skopje, за која ги има добиено сите релевантни интернационални награди во рекламната индустрија, вклучувајќи ја и најпрестижната: Златен Лав на Канскиот рекламен фестивал (Cannes Lions).

Ние веруваме во интегритет, во тоа што го правиме и како го правиме: храбро и креативно. Поседуваме безброј комуникациски способности со кои го предизвикуваме денешното време, денешниот потрошувач, производ, пазар и клиент, креирајќи позитивни промени и поместувања, како во маркетинг индустријата, така и во општеството во целина.

Добро кажаната вистина е нашето мото. Тоа е нашата страст. Нашата обврска.

Клиенти