Ребрендирањето е најголемиот и веројатно најпредизвикувачкиот проект кој секоја маркетинг компанија треба да го искуси, особено кога клиентот доаѓа од телекомуникациската индустрија бидејќи има стотици процеси кои треба да бидат преземени. Во рамките на нашиот проект, официјалниот настан за најава на ребрендирањето беше само еден дел.Но, кога за една година има неколку ребрендирања во рамките на истата А1 Телеком Австрија Група, предизвикот е уште поголем, затоа требаше да го најавиме ребрендирањето на one.Vip во А1 Македонија на ниво на Група, а и да отидеме чекор понатаму.
Покрај создавањето на целосна имиџ кампања со вклучување на сите комуникациски канали, нашиот ангажман вклучуваше организирање на официјален прес/бизнис настан, кој ќе преставува едно незаборавно и уникатно искуство за гостите.
Наша желба беше да создадеме нешто досега невидено и да реализираме едно навистина посебно искуство. За таа цел, изработивме импресивна видео приказна која беше претставена на големи LED екрани поставени во специфичен формат, за прв пат користени во Македонија и во регионот. Видеото претставуваше моќна синергија на пораки и слики кои ја претставуваа суштината на новиот бренд – „А1. Секој твој свет“. Истовремено, филхармониски оркестар настапи пред публиката во живо и во синхронизација со видео презентацијата.
Повратните реакции од сите над 300 присутни гости од бизнис секторот, од клучни владини институции и од дипломатскиот кор беа импресивни.
Во однос на ПР-от, настанот привлече огромен медиумски интерес, со рекордно присуство на 42 претставници на медиуми. Остваривме вкупно 102 ПР објави од самиот настан (19 ТВ објави на 10 ТВ канали, 8 објави во 4 дневни весници – 4 насловни страници, 75 веб-објави); 1 дополнително ТВ-интервју во вести во ударен термин; 3 интервјуа во бизнис списанија, од кои 2 со најава на насловните страници, како и 3 интернет интервјуа.