A1 World of Music

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Процесот на ребрендирање на ВИП во А1 не беше само промена на дизајнот. Станува збор за навлегување во суштината на она за што се залага компанијата и да ја направиме внатрешната трансформација надворешно опиплива.

Со цел да го промовираме и прославиме новиот бренд со јавноста, го организиравме концертот A1 World of Music како одлична можност да создадеме нов впечаток, а воедно и одлична прилика за новиот бренд да оддекен во полн сјај.

McCann Skopje беше одговорна за севкупната организација и реализација на овој огромен настан, кој беше посетен од повеќе од 15.000 посетители, но исто така и за севкупната промоцијата на настанот, пред, за врмее и по неговоот завршување.

A1 World of Music имаше импресивен репертоар, почнувајќи со изведбата на локалниот бенд Funk Shui, по што следеше првата кулминација на вечерта – македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски. Најпопуларната македонска пејачка и дива Каролина Гочева се појави следна на масивната сцена, изведувајќи во живо и во синергија со Македонската Филхармонија. Конечно, ѕвездата на вечерта Roisin Murphy, позната како поранешниот водечки вокал на бендот „Молоко“, настапи со својот неверојатен перформанс, а германскиот DJ Alle Farben се придружи на крајот и го затвори настанот. Концертот траеше повеќе од 4 часа, додека во меѓувреме хумористичниот и харизматичен актер Гораст Цветковски ја забавуваше публиката како мајстор на церемонијата.

Создавајќи забавна содржина за сите присутни, го оживеавме перформансот и создадовме искуство што беше споделено низ сите платформи на социјалните медиуми. Настанот го посетија и многу познати личности и медиуми, давајќи му на целиот проект значајно медиумско покривање.