McCANN Skopje беше партнер на Втората Маркетинг Конференција организирана од Капитал Академија.
McCANN Skopje беше партнер на Втората Маркетинг Конференција организирана од Капитал Академија.
Конференцијата ги донесе на едно место најдобрите маркетери, најголемите домашни и меѓународни компании и маркетинг агенциите на едно место, сите подготвени да ги чујат новостите од креативниот и дигиталниот свет.
Нир Рефуа, директор во MRM Romania и директор за иновации во McCANN CEE, современиот гуру на дигитални комуникации беше главниот говорник на конференцијата. Тој го претстави неговото огромно искуство и работа наградена со речиси сите меѓународни награди во индустријата.
Учесниците во панели разговараа за креативноста во македонската маркетинг индустрија и растечката потреба за дигитални платформи.
Претставниците на McCANN Skopje учествуваа во овие панели и го дадоа своето професионално мислење за состојбата во креативната индустрија и дигиталните комуникации.