“Драма во такси” во финалето на Њујоршкиот рекламен фестивал

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Кампањата “Драма во такси” на агенцијата McCann Белград влезе во финалето на еден од најреномираните рекламни фестивали кој се одржува во Њујорк.

 

“Драма во такси” е единствената кампања од регионот на поранешна Југославија која се најде во финалето на фестивалот во категоријата социјални медиуми и вирален маркетинг. Кампањата ја осмисли и реализира креативниот тим на McCann Белград за “Југословенско драмско позориште”, со цел да се освежи и репозиционира имиџот на еден од најугледните театри во Србија.

 “Признанието ни импонира со оглед на големата меѓународна конкуренција како и фактот што сме единствената агенција од поширокиот регион која влезе во финалето на овој престижен фестивал – можеби и наjзначајниот светски креативен фестивал покрај Канскиот.”, вели Владимир Ќосиќ, креативен директор во McCann Белград. Тој додава: “Пред две години како член во жирито на овој фестивал имав можност да се уверам во квалитетот и бројот на пријавените проекти, кој слободно можам да кажам, беше фантастичен. Фактот што една наша кампања е препознаена во таква конкуренција е признание не само за креативната работа на нашата агенција и клиентите, туку и за креативната индустрија во нашата земја.”

 

 

Покрај големиот одзив, позитивните впечатоци во јавноста и наградите на домашните фестивали, кампањата “Драма во такси” забележа успех и на регионалната фестивалска сцена, успех за кој сведочат наградите SoMoBorac за вирален блок-бастер на Weekend Media Фестивалот во Ровињ, наградите Golden и Silver Drum на регионалниот фестивал Golden Drum во Порторож, како и учеството во финалето на AdCup фестивалот.

 

 

Њујоршкиот фестивал на креативноста во рекламирањето е еден од најстарите и најпрестижните фестивали во светот кој ги наградува најдобрите светски кампањи уште од 1957г. Фестивалот претставува пресек на најдобрите достигнувања и креативноста во областа на адвертајзингот. Жирито на фестивалот го сочинуваат најзначајните стручњаци од креативната индустрија во светот. Овогодинешниот фестивал ќе се одржи кон крајот на мај. Покрај натпреварувачкиот дел по категории, ќе се одржат и конференции, предавања, панел дискусии, изложби и слично.