Според глобалниот Effie индекс на ефикасност, мрежата на агенции McCann Worldgroup е прогласена за најуспешна во Европа, втора во светот по својата ефикасност и најнаградувана мрежа на агенции во светот за 2014г.
Effie индексот ги препознава и рангира најуспешните агенциски мрежи, поединечните и независните агенции како и огласувачите и брендовите преку анализа на ефективноста од нивното работење како и нивната успешност на фестивалите и натпреварите низ целиот свет.
За глобалниот успех на McCann Worldgroup придонесе минатогодишното прогласување на европскиот огранок на McCann за најдобра мрежа на агенции во Европа како и успехот на агенцијата членка на McCann Worldgroup, FP7од Дубај која е најуспешна агенција на Блискиот исток и втора најуспешна поединечна агенција во 2014г. Покрај тоа, минатата година на фестивалот Golden Drum, мрежата на McCann во централна и источна Европа, во која припаѓа и I&F McCann Grupaво чии рамки работат пет McCann агенции во Југоисточна Европа, е прогласена за најуспешна мрежа на агенции.
Effie индексот на ефикасност е најугледниот светски критериум за рангирање на пазарната ефективност и успешност. Секоја година, индексот претставува најдобар параметар за агенциите, огласувачите и брендовите за тоа чии маркетиншки активности постигнале најдобри резултати на пазарот.