Фестивалот за креативни индустрии ‘‘Скопје креатива‘‘ ќе се одржи од 16 до 20 септември на Плаја Виста. Комуникациски партнер на Фестивалот е нашата агенција, очекуваме супер почеток на годинешнава есенска креативна сезона.
Под мотото „во четирите фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани поврзани со филмски и видео перформанси и театар, додека во вечерните часови ќе може да уживаат во специјално одбраната музика идеално дозирана за сечиј вкус.
Скопје Креатива е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ КЦ Александар Македонски – Скопје и претставува уникатен настан кој 4 години влијае позитивно врз развој на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.
Скопје Креатива 2015…да бидеме сите дел од една поинаква скопска приказна!