dm дрогерие маркт: Кампања за машко здравје

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Во ноември мажите ни беа главна тема! Заедно со ДМ работевме на кампањата за подигање на свеста на машкото здравје – Прв брк, прв самопреглед!
Месецот на машкото здравје го одбележивме со многу активности, меѓу кои една од најголемите беше токму хуманитарната велосипедска рута од 100 км во форма на брк.

На 19.11 го одбележавме Интернационалниот ден на мажите и машкото здравје со легендарната велосипедска рута од 100 км, во форма на брк која се возеше во околина на Скопје. Рутата се возеше под мототот – Пуштаме брк, бркаме здравје! Со секој свртен педал бевме сè поблиску до подигнување на свеста за важноста на машкото здравје

Повеќе од 50 велосипедисти се пријавија на оваа рута, а збирно место ни беше ,,Школка“ во Градскиот парк, од каде ги испративме сите спремни бајкери да ја извозат легендарната велосипедска рута.

Во текот на целиот месец отворено зборувавме за табу-темата, наречена машко здравје, и веруваме дека успеавме да придонесеме кон подигнување на свеста за важноста на машкото здравје!