Самит100 е најголемиот собир на бизнис лидери од земјите на ЈИЕ и претставува единствена бизнис иницијатива што успева да собере над 100 најеминентни бизнис лидери од регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.
Во октомври 2017 година, шестиот годишен собир за прв пат се одржа во Скопје и McCann Skopje беше горд комуникациски партнер на настанот.
На оваа прва и најголема регионална иницијатива од ваков вид досега одржана во Македонија, нашата главна задача беше да создадеме силна ПР приказна со која ќе ја подигнеме свеста кај пошироката јавност за оваа регионална иницијатива во целиот регион на ЈИЕ.
Создадовме целосно интегриран план за комуникација, фокусирајќи се на стратешките ПР и активностите на социјалните медиуми, насочени кон бизнис заедницата од регионот, регионалните политички лидери, клучните носители на одлуки и медиумите.
Како поддршка на целите на Самитот100, активностите беа спроведени во неколку фази, пред, за време и по настанот. Дистрибуиравме различен вид на соопштенија, ПР текстови и интервјуа со неколку клучни говорници, организиравме прес-конференција за најава на шестиот Самит100 и обезбедивме покриеност на настанот во живо од комплетно опремен прес-центар.
Шестиот годишен Самит100 предизвика огромен интерес кај медиумите од целиот регион на ЈИЕ и за прв пат по 6 години, на Самитот100 беа акредитирани рекорден број од 130 новинари од 8 земји од регионот на ЈИЕ.
Настанот беше споменат повеќе од 600 пати во медиумите, од кои над 350 беа ПР објави од самиот настан.