Fixie Period Panties

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Мал претприемач иноватор влезе во нашите канцеларии со инспиративен производ – гаќи што жените можат да ги користат во деновите кога имаат менструација. Женска долна облека, па дури и ако е иновативен производ, не е многу инспиративна како таква, но кога имате задача да развиете значаен бренд и да го надополните со силен глас за борба против табуата, сигурно може да стане интересна приказна.

Имајќи предвид дека веројатно насекаде во светот, но особено на мал пазар како што е Македонија, зборот МЕНСТРУАЦИЈА за многумина е табу, ние предложивме Fixie да биде брендот што ќе зборува гласно за овој проблем и ќе се бори против ова табу. Затоа, за да го сториме тоа, си поставивме едно прашање: Како можеме да ги охрабриме луѓето да зборуваат за нешто што сметаат дека е срамно?

По лудилото со изборот на Трамп, Македонија беше глобално посочена како генератор на лажни вести. Неодамна земјата исто така го смени своето име од Македонија во Северна Македонија, со силни дебати и јавна хистерија околу ова прашање. Оттука, ги искористивме овие моменти како основа на кампањата и решивме да направиме социјален експеримент користејќи лажни вести и осврнувајќи се на промената на името на земјата, со цел да започнеме кампања за овој мал бренд со силен глас и да ги испровоцираме луѓето отворено да зборуваат за таканареченото табу на МЕНСТРУАЦИЈА.

Ден пред 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, кога луѓето енергично зборуваат за правата на жената, во соработка со најистакнатите медиуми и влијателни лица на социјалните медиуми кои ја поддржаа нашата бренд мисија да ги разбиеме табуата и отворено да зборуваме за женското репродуктивно здравје, ние всушност создадовме и дистрибуиравме ЛАЖНИ ВЕСТИ.

Рековме дека „женската лоби група од Европа“ доби уште една битка во борбата за правата на жените и успеа да го смени зборот “MENSTRUATION” во “FEMSTRUATION” или на македонски „МЕНСТРУАЦИЈА“ во „ЖЕНСТРУАЦИЈА“, со цел зборот повеќе да не го содржи префиксот „MEN“ („МАЖ“).  J

Овие лажни вести ескалираа многу бргу и зборот „менструација“ беше насекаде низ веб порталите и социјалните мрежи, креирајќи најразлични конверзации помеѓу луѓе кои го бранеа правото на жените циклусот сè уште да го нарекуваат „менструација“, а пак некои и се согласуваа и ја поддржуваа оваа промена на зборот.

Fixie брендот беше понатаму претставен на пазарот со храбра кампања и присуство на социјалните медиуми, со визуелни елементи кои ја пренесуваа пораката „што сè  прават мажите за да не прокрварат“ и прикажуваат заштитни штитови и кациги кои мажите ги носат, додека пак жените го имаат наједноставното решение: Fixie гаќи за деновите кога имаат менструација.