Кико – Прв бесплатен аудио читач на македонски јазик

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Горди сме бидејќи McCann Skopje е дел од проектот „Кико“ – Првиот бесплатен аудио читач на македонски јазик! На иницијатива на Министерство за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, изработи софтверска апликација за лицата со оштетен вид.

Апликацијата на македонски јазик, симболично наречена Кико, ќе овозможи пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. Aудио читачот е бесплатен и достапен за сите корисници на Андроид системи, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди, а тимот на McCann Skopje беше одговорен за слоганот, визуелниот идентитет и организацијата на настанот.