Дизајн на каталог и брошура

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Целта на каталогот и брошурата е промоција на имиџот на Македонија како винска земја, зголемување на свеста и признавањето на македонските вина на меѓународните пазари со цел да се овозможат поголеми можности за извоз и да се зајакне генерирањето приходи за лозарите и винарските визби.

Свесни дека каталогот и брошурата се две од најмоќните алатки во маркетингот за претставување и промоција на производите, услугите и брендот, направивме привлечен дизајн, со моќен изглед, корисни инфографици, автентични фотографии и јасна организација на содржината.

Македонските вина се со исклучителни сензорни квалитети, кои ги комбинираат во хармонија, влијанието врз сетилата, специфичностите на територијата, природните услови и историјата. Сите овие елементи го сочинуваат концептот за вино, идеално пресликани во каталогот и брошурата за да ја раскажат приказната за виното на начин кој ја воодушевува публиката и поттикнува интерес кај потенцијалните купувачи.