Додека смртта не нè раздели“беше развиена во соработка со McCann и реализирана од партнерски организации од Западен Балкан во осум балкански земји, со цел спречување на фемицидот како еден од најсериозните општествени проблеми во регионот.
Централниот симбол на кампањата е црна венчаница, која служи како моќна визуелна метафора и предупредување за крајот што никогаш не смее да се случи.
Кампањата започна со тизер-видеа и објави на социјалните мрежи, со кои симболот беше претставен пред јавноста, поттикнувајќи внимание и размислување. Официјалното лансирање се одржа на 17 ноември во Скопје, со сценски перформанс на актерката Тамара Ристеска, облечена во симболичната црна венчаница.
Целта на кампањата е да отвори јавна дискусија за фемицидот, да ја нагласи потребата од навремено препознавање и спречување на насилството врз жените и да потсети дека зад секоја статистика стои човечки живот прерано прекинат.
Кампањата ја истакна регионалната димензија на овој проблем, испраќајќи силна порака за заедничка одговорност, подигнување на јавната свест и прекугранична солидарност во спречувањето на најекстремната форма на насилство врз жените.