Како изгледа традиција стара 140 години кога ќе ја претвориш во современо фестивалско искуство?
За фестивалот на виното „Младо Вино“, јубилејната приказна „Бескрајно твој“ на Тиквеш, ја пренесовме од кампањата директно во просторот.
LED сценографија, анимирана поезија, pop-up барови, уметност, интерактивни активации и музика беа само дел од работите кои го трансформираа традиционалниот фестивал во модерно искуство посветено на новата берба и вечната младост.
Уште една причина за наздравување!