Овогодинешниот фестивал “Браќа Манаки” носи нова енергија, нови програми и содржини како и нов имиџ од кои дел е и Меккен Скопје.
Нашите креативци ги направија дизајните на официјалните постери и промотивните материјали за фестивалот, прикажувајќи го нивното видување на кинематографијата преку одличен спој на графичката и филмската уметност. Официјалните постери за редовната и детската програма кои се изработени во македонска и англиска верзија беа промовирани на денешната прес конференција на која беа најавени и овогодинешните лауреати добитници на наградата за животно дело “Златна камера 300”. Покрај постерите, во тек е изработката и на други интересни промотивни материјали за фестивалот кои, секој на свој начин, ја пренесуваат универзалната порака дека филмската уметност и кинематографијата како дел од неа, се неизоставен дел од современиот начин на живеење и култура.
Под мотото „Филмот е убав“, фестивалот ќе се одржиод 18 до 27 септември во Битола.
Традиционално, фестивалот има богата и разновидна редовна програма која привлекува многубројна домашна но и странска публика и го рангира фестивалот меѓу најдобрите во Европа. Годинава ОФФ програмата е збогатена со нови и интересни содржини, концерти, забава, и др.
На „Браќа Манаки“ се организираат и работилници, семинари, промоции и изложби. Со својата впечатлива програма, која од година в година станува сѐ побогата, Фестивалот е атракција како за филмаџиите така и за филмофилите од целиот свет.