Драма во такси на белградските улици

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

McCann Beograd и Југословенскиот драмски театар осмислија необична и иновативна вирална кампања за посета на театарот.

Маскирани глумци возеа такси возила и на патниците кои ништо не насeтија им ги раскажуваа своите "лични" приказна за убиства, закани и неверојатни семејни проблеми. Дури на крајот од возењето, шокираните патници откриваат дека приказните се всушност заплети од драмите "Отело" и "Венецијанскиот трговец" од Вилијам Шекспир, како и "Злосторство и казна" од Достојевски. Пред да го напуштат таксито, секој од патниците доби бесплатни влезници да отидат во Југословенскиот драмски театар. 

Виралите за кратко време станаа вистински хит на интернет (пола милион прегледи во првите 48 часа).