Меккен Скопје заедно со Coca-Cola и Пивара Скопје неделава ја отвори првата aктивна зона во Македонија означувајќи го почетокот на долгорочниот проект „Coca-Cola активни зони“.
Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал.
Основната цел на проектот е создавање здрави животни навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.
Целата логистичка, креативна и ПР поддршка на проектот ја обезбеди Меккен Скопје кој се погрижи почетокот на овој супер проект да блесне во вистинско светло. Во текот на летовопродолжуваме заедно да креираме новиактивни зони воСтрумица, Прилеп, Тетово и Охрид кои се одличен повод за супер дружба, рекреација и забава.