HALKBANK ја прослави 10-годишнината од постоењето на македонскиот пазар со нова кампања креирана од страна на McCann Skopje, во чиј фокус се луѓето и нивните приказни. Како дополнување на ТВ спотот, McCann Скопје изработи мини – серијал под името „Иднината е светла“, составен од видео – интервјуа, како и бројни други активности на социјалните медиуми кои имаат за цел да ја инспирираат, охрабрат и мотивираат јавноста да преземе акција за посветла иднина за сите нас.