Фустани со џебови

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Би сакале да поедноставиме и да кажеме дека организиравме модна ревија, но не можеме, бидејќи она што го направивме со HALKBANK е повеќе од мода, иновативни кроеви и парчиња облека! „Фустани со џебови” е платформа со којa полека започна прекројувањето на некои стари стереотипи поврзани со жената, нејзините професионални афинитети и слободи!

Кампањата ја најавивме со моќно и впечатливо – “teaser” видео, потоа отворивме јавна дискусија на социјалните мрежи, по што следуваше модна ревија каде петмина македонски креаторки и креатори ги претставија своите уникатни модели на фустани со џебови како симбол за финансиска рамноправност на жените. Настанот заврши со успешна аукција на која се собраа средства предвидени да бидат донирани за жени од ранливи социјални категории.

Кампањата посветена на рамноправност и поддршка на жените е поддржана со интегрирана маркетиншка кампања која сеуште трае и е планирано да заврши на крајот на годината.