Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ за 2019 г. ја рангира Македонија на 106-тото место во однос на корупцијата во јавниот сектор, што е за 13 места подолу во однос на претходната година и предизвиците за корупцијата во земјата сè уште остануваат загрижувачки проблем.
УПОЗ (Синдикатот на работниците од Управата, Правосудните органи и Здруженија на граѓани), од друга страна, се состои од повеќе од 4.000 членови кои се вработени во органите на државната управа, судските институции и здруженијата на граѓани, па оттука има и моќ да помогне во борбата против корупцијата и да им помогне всушност на просечните граѓани да ги согледаат промените кон подобро општество, како тело кое е во директен контакт со јавната работна сила.
Сакајќи да помогнеме на УПОЗ во нивните напори за борбата против корупцијата помеѓу нивното членство, воспоставивме солидна образовна рамка низ целата земја, која ги адресирање токму нив и спроведовме кампања за подигање на свеста што истовремено ќе ја подобри и видливоста на Синдикатот.
Креиравме интегрирана комуникациска стратегија која вклучуваше ПР алатки, настап на социјални мрежи и останати онлајн канали и преку внимателна селекција на специфично скроени клучни пораки, ја охрабривме јавната администрација да ги пријавува случаите со корупција преку достапните заштитни правни механизми.
За жал, поради пандемијата во Ковид-19, кампањата не се реализираше до крај, меѓутоа само во првата фаза постигна повеќе десетици позитивни ПР објави, речиси 2.000 нови следбеници на социјалните мрежи и просечен досег на постовите од 57.409.