ЛУКОИЛ наградна игра „Полни, патувај и добивај“

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Продажбата пред Новогодишните и Божиќните празници навистина може да биде голем предизвик, па еден од начините да бидете забележани е да понудите нешто големо, а бесплатно.

Па така, дали на пример новата ŠKODA KAROQ SUV може да биде причина да го задржи вниманието на потрошувачите на нафтен премиум бренд како што е ЛУКОИЛ? Дали може исто така да привлече нова база потрошувачи, но и да ја зголеми лојалноста на потрошувачите кон мрежата на ЛУКОИЛ?

ЛУКОИЛ Македонија е компанија која ја почитува и вреднува лојалноста на своите потрошувачи и преку организирање на ваков тип наградни игри, компанијата всушност и ја изразува својата благодарност кон нив.

Така, сосема нова наградна игра на крајот на годината, токму пред празничниот период, беше токму она што беше потребно да се зацврснат односите со потрошувачите и да се негува лојалноста кон брендот.

Во новогодишен дух, организиравме наградна игра поддржана со целосно интегрирана кампања и доделувавме вредни подароци за учесниците.

Преку селекција на атрактивни награди, како новата ŠKODA KAROQ, но и многу други како таблети, паметни часовници, кровни куфери и др., охрабривме многу потрошувачи да учествуваат во наградната игра „Полни, патувај и добивај“ на ЛУКОИЛ Македонија.

Но, она што е најважно, успеавме да ја зголемиме свесноста за брендот и да поттикнеме поголема продажба на сите ЛУКОИЛ бензински станици низ земјата.