Следствено на позиционирањето на Халкбанк на 4 место на македонскиот банкарски свет, дојде време да се воведад промени и во комуникацијата. Дојде време да се реализира првата корпоративна имиџ кампања. Настојувајќи да дојдеме до концепт кој најдобро ќе ги рефлектира вредностите на Халк, си го поставивме прашањето што е всушност најважно? Што е важно за Халк, за нивните вработени, за секој поединец, за сите. Одговорот беше очигледен, во центарот на се што го прави банката се луѓето па така главната порака која сакавме да ја пренесеме беше ‚‚Важни се луѓето‚‚.
Ова, како основна клучна порака, се претвори во долгорочна комуникациска платформа која покажа дека Халкбанк ги негува односите кои се засновани на водство, експертиза и взаемна доверба; дека партнерствата се сигурни, реални и доверливи и дека Халкбанк навистина се грижи за сите свои клиенти, за нивното време, за нивната добросостојба и за нивните финансиски средства.
Почнувајќи со корпоративна ТВ реклама и билборд кампања која ги претставуваше вистинските клиенти на Халкбанк кои се всушност обични, секојдневни луѓе, основната порака „Важни се луѓето“ продолжи да живее и дури и денес сè уште се одразува и на различни продуктни кампањи, услуги и вредности на банката.
На крајот, кампањата всушност го репозиционираше брендот од онаму каде што беше до позиција на банкарство засновано на односи и покажа дека Халкбанк навистина се залага за сè што е важно.