Уште едно злато за McCANN Skopje

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Повеќекратните добитници на злато, и актуелната Агенција на годината во Адриатик регионот доби уште едно злато за кампањата „Старт-ап гаражи” за Халкбанк.

Креативните умови од McCANN Скопје ја добија наградата во категоријата Финансии и осигурување, во конкуренција на десетици локални и регионални агенции. Оваа година наградната церемонија на BalCannes се одржа во Ровињ, Хрватска, како дел од фестивалот на креативни индустрии „Dani komunikacija”.

Неизмерно сме горди што сме едни од најнаградуваните агенции во регионот, во нашето големо McCANN креативно осемејство.