Brandify е проект креиран со цел да ги поддржи младите претприемачи и бизниси со потенцијал за раст во рамки на програмата за Млади во бизнис на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во соработка со Меккен Скопје. Преку овој проект, со поддршка од ЕБОР, компаниите добиваат можност да го унапредат својот настап на пазарот и да создадат бренд што ќе биде препознатлив, релевантен и конкурентен.
Brandify им нуди на избраните компании уникатна можност да соработуваат со една од најголемите, најреномирани и најнаградувани агенции во Македонија – Меккен Скопје – и да добијат професионална поддршка во градењето или освежувањето на својот бренд.
Што добивате?
Компаниите кои ќе ги исполнат условите, имаат можност да добијат:
· изработка или освежување на визуелниот идентитет,
· изработка на brand book,
· развој на креативна кампања по сопствен избор.
Оваа поддршка им помага на бизнисите да дефинираат јасна пазарна позиција, да комуницираат поефикасно и да изградат долгорочна конкурентна предност.
Исклучителна деловна можност.
Финансиската конструкција е внимателно креирана за да биде достапна за бизниси насочени кон раст и развој, овозможувајќи пристап до врвна комуникациска и креативна експертиза под значително поволни услови.
Од вкупните трошоци, 70% покрива ЕБОР, додека останатиот дел го покрива компанијата учесник.
Кој може да аплицира?
Право на учество имаат компании кои ги исполнуваат следните критериуми:
· сопствениците и/или управителите се на возраст до 35 години,
· компанијата е активна и генерира приходи најмалку 1 година,
· компанијата е во македонска сопственост.
Во програмата не можат да учествуваат компании од следните индустрии и сектори:
· банкарство,
· финансиски услуги и осигурување,
· сектор поврзан со одбрана,
· тутунска индустрија,
· телекомуникации,
· супстанции забранети со меѓународно право,
· самостојни објекти за коцкање.
Зошто Brandify?
· Затоа што квалитетниот производ или услуга бараат и стратешки развиен бренд.
· Затоа што препознатливоста на пазарот е резултат на јасна позиција и конзистентна комуникација.
· Затоа што вистинскиот брендинг претставува клучен фактор за одржлив раст и конкурентна предност.
Пријавете се на:
mccann@mccann.com.mk
korome@ebrd.com
stolevsm@ebrd.com