Три финалиња за McCann Skopje на BalCannes

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

McCann Skopje е финалист во дури три категори на овогодинешниот регинален креативен натпревар BalCannes. Кампањите кои влегоа во финалето се изработени за клиентот Halkbank AD Skopje. Првата кампања „Б-страна билборди“ е финалист во категоријата: Финансии и осигурување, додека втората кампања „Фустани со џебови“ е финалист во дури две категории: Финансии и осигурување и Грижа за заедницата.

За кампањата „Б-страна билборди“ се фокусиравме кон промовирање на опцијата Б. Бидејќи градежната експанзија во центрите на градовите зема сè поголем замав, граѓаните кои имаа поглед кон планините, сега имаат поглед спрема ѕид. Живеењето во централно градско подрачје повеќе не е опција А. Затоа, со оваа кампања, сакавме да ги истакнеме придобивките од живеењето во мирно и зелено соседство. Користејќи ги Б-страните на билбордите кои се свртени кон зелените површини, а некои од нив буквално се наоѓаат во гранки. Со незначителна медиумска инвестиција во непосакуваната страна на билбордот, медиумите ја „фатија“ приказната и добивме одлични резултати.

Втората кампања, „Фустани со џебови“ е кампања која веднаш стана вирална на социјалните мрежи. Со помош на мал моден детал трансформиран во моќна алатка за позитивни промени, успеавме да ги ставиме Халкбанк и Мастеркард високо на top-of-mind свеста кај луѓето. Препознавајќи ја потребата за финансиска слобода и џебовите како симбол, Халкбанк и Мастеркард лансираа специјален банкарски производ за жени претприемачи што им дава овластување да дејствуваат на похрабар начин.