Човек со сестран талент и најуспешен менаџер во рекламната индустрија во регионот.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Срѓан Шапер: Наградата за животно дело на “Здружението за маркетинг комуникации” на Србија ја сфатив како награда за добра игра во првото полувреме. Сега се игра второто полувреме, дали ќе има продолженија и пенали, ќе видиме. Сè додека човек самиот со себе игра натпревар – останува во играта.


Малку постарите го паметат како вокален солист на групата „Идоли“.  е сестран човек. Успешно се занимава со музика, глуми во филм, снима телевизиски реклами. Студира медицина, светска книжевност, историја и филмска и ТВ режија, за на крај да го заврши Факултетот за драмски уметности. Сака да режира филмови, денес вели дека времето за тоа е веројатно веќе поминато, но дека би можел да биде филмски продуцент. Социјалниот ангажман едно време го доближува до политиката. Со години е многу успешен менаџер. Пред деветнаесет години ја основа својата прва агенција , а веќе седумнаесет години успешно го води системот на  агенции кои се прво основани во Белград и во Скопје. Денес управува со  која има агенции во осум земји во регионот. Ги сака луѓето со кои работи во  и смета дека тие се силата која придонесува  да биде тоа што е денес, најголема и најуспешна групација во рекламната индустрија во регионот. На штотуку завршениот Викенд Медиа Фестивал во Ровињ,  Белград е првата агенција прогласена за агенција на годината во регионот.

 

 

Не ме поддржуваа особено, но не го ни оспоруваа мојот избор. Веруваа дека јас најдобро знам што треба да правам. Секако, во почетокот беа загрижени дека сето тоа ќе одземе многу време и дека на крај нема да имам ништо со кое ќе можам да „влезам во животот“. Meѓутоа, времето покажа дека работите дојдоа на своето место. Моите животни избори беа мотивирани, пред сè, од желбата во ограничен број часови да се доживее што повеќе. Во таа смисла „Идоли“ беа големо искуство. Искрено, имав и доста среќа.

 

 

Студирав медицина, светска книжевност, историја и филмска и ТВ режија, а на крај го завршив Факултетот за драмски уметности. Да почнував денес, би знаел дека факултетот е, всушност, само продолжение на средното училиште кое треба да го оспособи младиот човек полесно да носи некои животни одлуки и процени врз основа на цивилизациските искуства кои му претходат. Меѓутоа, во тоа време бев еден од ретките кои тоа само го насетуваа. Во тоа „дводимензионално време“ се мислеше дека изборот на образованието е исто што и изборот на професијата. А точно е тоа дека како млад режисер и композитор се здружив со двајца пријатели, Борис и Туцко, и почнав со создавање рекламни спотови. Тоа беше во 1984г., и го претставува мојот влез во светот на огласувањето.  

 

    

 

Туцко и јас во 1995г. ја направивме  (jaс) и  (тој), помислувајќи дека би било интересно сето она што го знаеме да го претвориме во ангажман од кој ќе има корист струката, огласувачите и ние самите. Сакавме да бидеме слободни! И сами да располагаме со вишокот од својата работа. На тој начин го продолживме во капитализмот она што го сакавме и во социјализмот. Да ја пронајдеме формата која одговара на нашиот претприемнички дух. И тоа беше агенција. Нема подобра работа од тоа самиот да бидеш заслужен за сите успеси и неуспеси и да ја преземеш целата одговорност. Преземање одговорност е она што навистина ме импресионира кај вистинските лидери и кај оние кои придвижуваат мали или големи работи во светот. Смисливме и единствена продажна идеја на компанијата: Правото да се ризикува!  Во оваа работа секој мора да ризикува за да ја пронајде вистинската и големата смисла. Во 1997 г. ги основав  агенциите во Белград и во Скопје, а подоцна и во другите земји во регионот.

 

 

Мислам дека не, Канските лавови беа последица на нејзиниот успех. Пресудно беше што во секоја година од нашето работење успевавме да ги собереме најдобрите луѓе. Имаше лоши моменти и месеци и прекрасни, неповторливи ситуации, недели, години. Но секогаш била компанија во која се доаѓа со желба да се работи токму тука, а не каде било на друго место. Успеавме, а можевме и многу, многу повеќе, заеднички да  создадеме чувство дека да се биде во е некако посебна работа. А тоа е зашто имавме навистина посебни луѓе. Кога ќе прославуваме 20 години, ќе се обидеме да ги собереме сите оние кои некогаш работеле овде, ќе видите дека тоа е цел еден свет! И дека навистина изгледа како наш дел од големиот свет. Секогаш сме се труделе тоа да биде така и без провинциски кукања. Немавме никакви комплекси.

 

 

Се надевам дека во иднина, многу повеќе отколку сега, ќе можеме да се занимаваме со она што се вика креативна извонредност. Досега нашиот акцент беше ставен на стратегија, разбирање на бизнисот, регионален развој, постојана едукација за сè, развивање одделни маркетинг-дисциплини и создавање платформа за нивна интеграција во кампањите на нашите клиенти. Во иднина акцентот ќе ни биде ставен, пред сè, на креативната извонредност!

 

Сакаме така да нè препознаваат и огласувачите и потрошувачите и на тоа работевме сите овие години. Но за навистина да успееме во тоа, мораме на голема врата да го вратиме слоганот од почетокот: „Правото да се ризикува“. Збогатени со многу години искуство кое ќе го направи тој ризик поднослив за сите. Во нашата работа секогаш е неопходно да се биде поинаков бидејќи човечкиот мозок е направен така за да забележува само опасност и движење, значи, она што се издвојува. Нема капацитет да го забележува она што е исто. А 99 проценти од она што денес постои, спаѓа во категоријата „исто“. Во нашите краеви постои многу „исто“.

 

 

Мислам дека би било препотентно ако кажам такво нешто. Количеството успешни и креативни кампањи е прилично рамномерно распределено по адвертајзинг- светот. Има многу агенции кои имаат паметни и креативни кампањи, но има и такви кои се неуспешни и неоригинални. Сите ние подеднакво се трудиме за своето место под сонцето. Секако, ние би сакале ова што го кажавте да е точно, но дали е тоа така проценуваат, пред сè, потрошувачите. Кога се луѓето и talent pool-отво прашање, верувам дека мојата лична задача е агенцијата да биде место на најголема слобода за создавање и одговорност во исто време.

 

 

Работиме во сите земји кои се создадоа од Југославија, во Бугарија и во Албанија. Би сакале ова да не е дефинитивниот список, бидејќи нашата логика и логиката на клиентите за раст на бизнисот не завршува овде.

 

 

Разговаравме како максимално да ја искористиме предноста на регионалниот систем за да добиеме најдобри луѓе на најдобрите проекти, без разлика каде тие се случуваат. Ваквите состаноци се добра можност да размениме мислења, да разговараме за тоа како меѓусебно да се инспирираме, издвоиме, препознаеме, да ги наградиме најдобрите идеи. На крај, важно ни е нашите креативци да се запознаат и дружат, што е посебно возбудлива работа бидејќи луѓето се радуваат и едни на други и на добрите кампањи. Успехот на Белградски ме израдува затоа што е препознаен во целиот регион и го потврдува нашето упорно залагање за регионална интеграција.

 

 

Мислам дека после многу години во кои доминираше одвојувањето посебни услуги во посебни агенции, ветерот дувна во друг правец и дека сè повеќе се зборува за интеграција на идеи. Се надевам дека нема баш сè и баш сите да се преселиме на социјалните мрежи, затоа што ми се чини дека таму често недостасуваат емоции какви што постојат во изразувањето преку традиционалните медиуми, но сигурно е дека во иднина комуникациската порака  сè повеќе ќе биде една, прилагодена на различни структури. Креативноста мора да биде начин на дишење на сите агенции, без разлика на тоа со што специфично се занимаваат.

 

 

Ја сфатив како награда за добра игра во првото полувреме. Сега се игра второто полувреме, дали ќе има продолженија и пенали, ќе видиме. Сè додека човек самиот со себе игра натпревар – останува во играта.

Интервјуто е објавено на линкот: http://www.media-marketing.com/intervju/8031-covjek-svestranog-talenta-i-najuspjesniji-menadzer-u-regionalnoj-industriji-oglasavanja.html