Заедно со СКОПСКО создаваме нови сеќавања

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Еј сите вие кои сте постојано во гужва, успорете малку, сигурно нешто убаво пропуштате… застанете малку и прочитајте го текстов, ќе ви ја раскажеме новата заедничка приказна на СКОПСКО и Меккен, ќе ја видите најновата реклама за култниот бренд дело на нашата агенција.

Следејќи ја автентичноста и уникатноста на СКОПСКО, успеавме преку рекламата на оригинален начин да го отсликаме нашето секојдневие гледајќи низ позитивна призма полна оптимизам за убавите нешта околу нас.

Приказната ја раскажува Никола Ристановски. Енергичен и позитивен, Ристановски движејќи се низ различни секојдневни ситуации ги повикува луѓето да застанат за момент и да уживаат во животот, да уживаат во секојдневните моменти и да ги претворат во утрешни спомени.

Пренесовме порака која е инспиративна, јасна, искрена и наменета за секого: да успориме малку и  да го живееме сегашниот момент, затоа што денешните доживувања се нашите утрешни сеќавања.

Рекламата е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации во Скопје, заедно со екипата на продукциската куќа Вертиго.

За крај, еј сите вие, пријатели и комшии, срамежливи и гласни, млади и стари, да застанеме за момент и да почувствуваме – животот е околу нас, ајде да бидеме дел од него и заедно со СКОПСКО да ги создаваме нашите нови спомени.