Не постои поголемо задоволство од тоа да направиш некого среќен за време на магичниот новогодишен период. Годинава, заедно со Coca-Cola успеавме да донесеме многу насмевки и радост за сите, а особено за децата во Детската клиника во Скопје.
Новогодишниот Coca-Cola караван кој го организиравме во декември донесе вистинска празнична магија, радост и забава и ја исполни својата хуманитарна мисија. Благодарение на добрите срца на илјадници граѓани, добрата волја на голем број компании, училишта, општини и јавни институции и партнерството со издавачки куќи, во текот на новогодишниот караван собравме преку 600 книги кои се наменети за децата во Детската клиника во Скопје. Заедно со Coca-Cola ja преуредивме и заедничката просторија во склоп на клиниката во која децата можат да уживаат во добиените книги, да играат, се дружат, да го разубават и исполнат времето поминато во болница. Coca-Cola соба на радоста беше дочекана од со голема радост и задоволство, а ние со нетрпение уште од сега чекаме да видиме што ќе ни донесе караванот оваа година.