Ви ги претставуваме – The Scratching Ads.
Реклами покриени со четки за чешање.
Креирани за промоција на Земјоделски кредит на Халкбанк, но и за подобрување на благосостојбата и продуктивноста на добитокот. Ги поставивме таму каде што земјоделците и нивните животни навистина можат да ги користат. А дури и еден промотивен автомобил го обложивме со четки и го испративме низ клучните земјоделски региони.
Добитокот ги обожаваше, а медиумите – исто така.