53 BITEF Festival

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Основан во 1967, BITEF (Belgrade International Theatre Festival / Белградски меѓународен фестивал на театарот) веројатно е еден од најголемите и најважните европски фестивали кои континуирано ја следат и ја поддржуваат театарската култура, како рефлексивна визија за животот кој е попривлечен и поприфатлив од оној во кој сме заглавени.

За своето 53-то издание, McCann Skopje, заедно со останатите „Меккен-ци“ од целата I&F McCann Група, беше пред предизвик: да осмисли креативно решение за фестивалот кое ќе ја одразува годинешната тема „Распаѓањето на современиот свет“.

Од вкупно 12 земји од Јадранските и Нордиските региони и од вкупно предадени 50 креативни решенија, жирито сочинето од 12 креативни директори и претставници на BITEF фестивалот, го издвои предлогот за постер на графичка дизајнерка на McCann’s Skopje кој ќе го претставува 53-тото издание на фестивалот.

Нашето визуелно решение кое прикажува празна црвена чинија со два ножа (наместо со нож и вилушка) и кое вели „Да ја започнеме љубовта од почеток“ (“Let’s start love from the beginning”), беше експлицитен одговор на она што ни се случува.

Материјализацијата и дигитализацијата го направија своето и сè што беше потребно беше само да погледнам длабоко во себе и во моето опкружување. Симболиката на ножевите дојде природно, како многу јасен одговор на она што ни се случува нам – студенило помеѓу луѓето, отуѓување на сите нивоа, од семејство преку партнерство до политичката заедница и распаѓање на човековите идеали. Ножевите се метафора за сè што е собрано во сите заедници, онакви какви што се денес. Прашањето е дали ни се допаѓа сè она што ни се служи?“, рече нашата победничка дизајнерка.

А, пак, претставите се понекогаш обиди да се покрене свесноста за проблемите во овие модерни и студени општества, да се понуди надеж и всушност да нè поканат сите нас да ја започнеме љубовта од почеток. Ни даваат можност да побегнеме од нашите животи барем накратко и да влеземе во нова реалност каде има лекции за учење и гласови за слушање.