5 години А1 Македонија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

За настанот кој ја одбележа 5 годишнината на А1 Македонија и кој беше дел од интегрираната маркетинг кампања „Животот е прекрасен со тебе”, Меккен Скопје одбра иновативен пристап кој освен врвен перформанс на македонската поп-дива Каролина со Битолскиот камерен оркестар, вклучуваше  визуелна екстравагантност и експериментален пристап кон просторот каде се одржуваше јубилејот. Преку игра со светла и разни ефекти, фоајето на НОБ доби еден поинаков, ултра модерен изглед.

За дополнителен ефект, во предвечерието на настанот се осветли и Скопското Кале со пораката „Животот е прекрасен со тебе”, со кое посетителите на настанот, а и сите граѓани на главниот град, добија уште едно неочекувано визуелно искуство на денот на јубилејот.