Во свет каде што финансиските термини звучат како таен јазик, за клиентот Халкбанк создадовме нешто сосема поинакво – Финфлуенсер. Оваа серија на кратки, забавни видеа за социјалните медиуми го претвори финансискиот свет во нешто што секој може да го разбере, а уште повеќе – да го засака!
Главниот лик, Финфлуенсерот (фантастично одигран од Антонио Ташковски), со доза на хумор и искреност, ги руши митовите околу банкарството, штедењето, инвестициите и заштитата од дигитални измами. Наместо тешки термини и сложени објаснувања, Финфлуенсерот зборува „на наш јазик“, пренесувајќи практични совети што секој може веднаш да ги примени.
Со оваа кампања, покажуваме дека финансиската писменост не мора да биде досадна или недостижна – таа може да биде инспиративна, едноставна и забавна. Финфлуенсер не е само проект, туку движење што ја носи финансиската едукација таму каде што е најпотребна – меѓу младите, на социјалните мрежи, во секојдневниот живот.
Погледнете го серијалот видеа ФинФлуенсер на профилите на социјалните медиуми на Халкбанк.