Веќе 80 години, Жито Лукс е дел од секојдневието на генерации потрошувачи, поврзувајќи ги луѓето преку еден од најважните симболи на домот – лебот. По повод големиот јубилеј, развивме интегрирана кампања која го слави богатото наследство на брендот, истовремено истакнувајќи ја неговата релевантност и блискост со современите потрошувачи.
Кампањата опфати ново лого по повод 80-годишнината, ТВ-реклама, POS-материјали и содржини за социјалните медиуми, обединувајќи ги сите комуникациски канали во единствен и препознатлив визуелен идентитет.
Преку конзистентна комуникација и внимателно развиени креативни решенија, го одбележавме јубилејот на брендот и неговото трајно место во срцето на секој дом.