На 29 јуни 2019, Скопје беше домаќин на првата Парада на гордоста во Македонија. Ова веројатно би била многу вообичаена информација на кое било друго место, но кога зборуваме за Македонија, доста конзервативна земја кога станува збор за различностите воопшто, но исто така и со луѓе кои отворено се спротивставуваат на табуата и конформизмот, Парадата на гордоста во Скопје беше една од најпопуларните теми во топлиот јуни.
Компанијата Кока-Кола, од друга страна, е компанија која е лидер во своите напори за инклузивност, доближувајќи ги луѓето заедно, и е горда на својата историја на поддржување и вклучување на LGBTQI заедницата на работните места, во адвертајзингот и во своите заедници ширум светот, па оттука сакаше да даде поддршка и на првата Парада на гордоста одржана во Скопје, и тоа на уникатен начин кој ќе биде запаметен.
Главната инспирација на нашата идеја лежи токму во корените на македонското општество. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од македонската популација има негативен став кон LGBTQI заедницата, луѓето често користат сленг или жаргони со негативен контекст кога сакаат да ги обележат активистите и припадниците на LGBTQI заедницата. Едни од зборовите што најчесто се користат за да се опишат овие луѓе се „обратен“ и/или „превртен“, означувајќи ги како различни, како „ненормални“ или во најмала рака како „чудни“.
Имајќи го ова предвид, го искористивме овој негативен речник и го трансформиравме во позитивна порака, уште еднаш демонстрирајќи ја заложбата на Кока-Кола за поддршка на различностите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија.
Ексклузивно за Парадата на гордоста во Скопје, Кока-Кола произведе посветено шише во ограничени количини, со специјална етикета каде логото на Кока-Кола беше превртено, односно обратно поставено и прикажуваше „обратна“ порака наместо стандардниот испис “ORIGINAL TASTE” и всушност гордо велеше LOVE IS ALWAYS THE RIGHT WAY (ЉУБОВТА Е СЕКОГАШ ИСПРАВНА).
Пораката имаше „ефект на огледало“, што значи за да се прочита нормално, едноставно треба да го погледнете шишето во огледало. Како дополнување, зборот “LOVE” („ЉУБОВ“) беше напишан во бите на виножитото, а во истите бои беше и бар-кодот!
Идејата за комуникацијата, всушност, беше инспирирана од секојдневниот живот, во кој покрај останатите хомофобичи изрази, се употребуваат и термините „обратен“ и „превртен“ за да се дискриминира лице кое припаѓа на LGBTI заедницата.
РЕЗУЛТАТИ: 40 инфлуенсери со повеќе од 600.000 следбеници (повеќе од 30% од вкупната популација на Македонија) се приклучија бесплатно на нашата кампања. Објавите на Facebook и Instagram беа органски со 200% повисок досег и „engagement rate“ од 6% наспроти просекот од 1% и 1800 реакции, 136 коментари и 839 споделувања за само два дена. Дополнително, видеото споделено на Facebook имаше речиси 10.000 прегледи за само еден ден.