Неодговорен повик

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Најстрашниот звук по сообраќајна несреќа е бесконечното ѕвонење на кое никој повеќе нема да се јави.

За А1 Македонија и МВР, ја претворивме оваа сурова вистина во повик што никој не можеше да го игнорира.

Преку билборди со мистериозен број и порака „Јави се и слушни“, ги поттикнавме луѓето да го почувствуваат она што останува зад една трагедија: да свртиш на саканата личност, а од другата страна да добиеш само тишина. Илјадници повици за неколку дена ја претворија оваа тишина во најгласното предупредување – дека ниту еден повик зад воланот не е вреден за одговор.