Пред формирањето на агенцијата Меккен, работи како креативен директор, продуцент на ТВ реклами и директор за СМ Дело, Борба, Идолс енд Френдс (Idols & Friends), Огилви и Матер (Ogilvy & Mather) и Сачи и Сачи (Saatchi & Saatchi). Во 1997г. Срѓан го потпишува договорот со Меккен Ворлдгруп (McCann Worldgroup) и отвора агенции во Белград и Скопје. Во следните години, Срѓан основа агенции во други земји од Балканскиот регион и денешниот систем успешно работи во 12 држави во Јужна и Северна Европа. Сите агенции, членки на I&F Grupa, се дел од најголемата комуникациска мрежа во светот, Меккен Ворлдгруп (McCann Worldgroup) и обезбедуваат интернационално искуство и локална експертиза преку својот целосен спектар на маркетинг услуги.
Срѓан Шапер е познат по својата долгогодишна поддршка дадена на голем број хуманитарни организации, културни институции и манифестации, како што е фестивалот Битеф. Тој е иницијатор на бројни проекти од областа на културата и комуникацијата. Тој е автор на пионерскиот проект за подобрување на имиџот на Србија во светот – „La Serbie Version Original“, кој беше претставен во ноември 2000 година во Париз со цел да го претстави духот на Србија по демократските промени. Срѓан Шапер е сопственик на Галеријата „Новембар“, уметничка галерија посветена на уметничката продукција и промоција на меѓународни млади и нови уметници со посебен фокус на српската и регионалната уметничка сцена.
Агенциите кои се дел од I&F Grupа, на најпрестижниот рекламен фестивал Cannes Lions, имаат добиено две награди Златен лав (McCann Skopje во 2009 год.) и Бронзен лав (McCann Beograd во 2011 год.).
На фестивалот за интегрирани комуникации Кактус, McCann Beograd беше именувана за Агенција на годината во 2015, 2016 и 2017 година. Агенцијата UM Beograd освои Golden Prize за кампањата “Fanta & Yasserstain” во категоријата „Најдобра кампања на социјалните мрежи“ на 18-от “SEMPL” Media Trends фестивал.
На првата Effie Awards церемонија одржана во Србија, најпрестижната награда во светот која ја идентификува и наградува ефикасноста во маркетингот, најголемиот број на награди им припаднаа на McCann Beograd и UM Beograd, признавајќи ја оваа група на агенции како најефикасни во Србија.
McCann Zagreb ја освои најпрестижната награда – наградата X за Aгенција на годината 2017 на најважниот национален фестивал за рекламирање во Хрватска – „Денови на комуникација“.
Во 2018 година, на Effie Србија, McCann Beograd освои две бронзени медали, додека на Effie Хрватска, UM Zagreb ја освои Гран-при наградата, 2 златни и една сребрена со клиентот Загребачка пивара.