Голем триумф на McCann Skopje на фестивалот Golden Drum

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

McCann Skopje е „Adriatic Agency of the Year“ и добитник на сребрена и бронзена награда за кампањата „Стартап гаража“ на Халкбанк.

 

Агенцијата McCann Skopje е прогласена за „Adriatic Agency of the Year“ на овогодишниот фестивал Golden Drum, кој се одржа минатата недела во Порторож. Ова престижно признание, заедно со сребрената награда во категоријата креативна ефикасност и бронзената во категоријата надворешно рекламирање за кампањата „Стартап гаража“ на Халкбанк се резултат на посветеноста на McCann Skopje кон иновации и извонредност во рекламната индустрија.

„Овие признанија се огромни за нас и за нашиот клиент Халкбанк, тие се доказ за трудот и страста на нашите тимови. Наградите ја потврдуваат нашата посветеност кон квалитет и способност да создаваме влијателни, уникатни и паметни комуникациски решенија што се поврзуваат со нашата целна публика и му помагаат на клиентот во остварувањето на своите бизнис-цели. Наградите се фактор плус во остварувањето на нашата визија да бидеме најпосакуваниот комуникациски и креативен партнер“, изјави Бојан Кочовски, директор на Меккен Скопје.

Овогодишното издание на фестивалот уште еднаш на едно место ги собра најдобрите идеи, најдобрите тимови и најдобрите креативци од целиот свет. Проектите на McCann Skopje и Халбанк се единствените од Македонија што се пласираа како финалисти. Во конкуренција на повеќе од 1.000 пријави од околу 200 агенции од целиот свет, интернационалното жири составено од 56 исклучителни професионалци им ги додели сребрената и бронзената награда, а Агенцијата ја доби најпрестижната награда на фестивалот, „Adriatic Agency of the Year“.

Фестивалот Golden Drum во Порторож е најпрестижниот годишен настан во нашиот регион, во Европа и пошироко, кој ги слави креативноста и иновациите во рекламната и комуникациската индустрија. Традиционално, секоја година на едно место ги обединува најдобрите светски агенции и професионалци со цел да ги претстават своите исклучителни кампањи, да разменат идеи, да дискутираат за трендови и да се дружат.