Две награди за Меккен Скопје на БЕАМ Фестивалот.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Меккен Скопје изминативе неколку години активно и интензивно работи на создавање креативни концепти и комплетна организација на настани кои обезбедуваат неповторливо искуство за посетителите. Токму за два такви настани, на првото издание на БЕАМ Фестивалот, Меккен понесе две големи признанија. Агенцијата се закити со награда за Најдобар корпоративен настан за 2022 година – прославата на 100 години Пивара Скопје и награда за Најдобра бренд активација за 2022 година за Schweppes Mixology – серија настани низ главниот град и ексклузивен настан одржан во Музејот на Град Скопје.

Победничките настани кои Меккен ги организираше за клиентите Пивара Скопје и The Coca-Cola Company вклучуваа креативен концепт, видео мапинг, impressive брендинг, мултимедија, уникатни корегорафии, микс од аудио-визуелни искуства за сите посетители и секако целосна организација и логистика.

Овие големи признанија за една од водечките агенции во Македонија ги оддаде жири составено од 20 члена – реномирани професионалци од областа на маркетингот, комуникациите и пошироко.

Првото издание на БЕАМ е организирано од Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, основана во 2020 година од повеќе компании вклучени во индустријата за организација на настани, рентал компании и видео продукции и претставува прва манифестација која ја вреднува македонската ивент индустрија и сите кои ја сочинуваат.

Честито Меккенци, честито на целата индустрија за организирање на настани!