Глобални цели

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Заедно со ОН ја одбележивме 70-годишнината од нивното постоење и ги промовиравме 17те глобални цели.

Бевме дел од историската мисија која има за цел да се направи светот подобро место за живеење и да се стави крај на сиромаштијата, климатските промени, неправдата и нееднаквоста. Целта на оваа мини кампања беше на емотивен начин да се допре до сите и да се истакне важноста од споделување на заедничките цели низ целиот свет. Со цел да се слушне и нашиот глас надалеку, ги поканивме јавните личности да ја поддржат кампањата преку споделување на нивната цел на социјалните медиуми. Настанот што го осмисливме и организиравме во  “Даут Пашин Амам”симболично го обележа значајниот ден преку добро осмислените креативни активности со кои ја отсликавме главаната порака за глобалните цели – TELL EVERYONE и #ИЈасИмамЦел.