Средба на најдобрите европски креативци

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Најдобрите креативни директори на агенциската мрежа McCann од Средна и од Источна Европа се состанаа во Белград за да разменат искуства за најдобрите и најефикасни кампањи, да ја продолжат заедничката работа на креирањето кампањи за клиенти и да ги применат најдобрите светски искуства во креативната работа. Ова е уште една можност локалните агенции McCann да дадат свој придонес кон промоцијата на регионалната креативност во светски рамки.

, вели Даниел Вуковиќ, главен креативен директор на агенцијата McCann Загреб.

На состанокот, покрај креативните директори од Европа, присуствуваше и Ерик Моне (Erik Monnet), директор за креативна извонредности потпретседател на McCann Worldgroup од Њујорк.

директор за креативна извонредност и потпретседател на McCann Worldgroup.

За место на состанок беше избран Белград, што е признание не само за локалната, туку и за регионалната креативност на овој дел на Европа. Потврда за ова се и агенциите McCann што работат во рамките на групата I&F McCann во Југоисточна Европа, кои во претходниот период беа прогласени за најуспешни и најефикасни на пазарите на кои дејствуваат.