Родителството е една од највозбудливите улоги во животот, но, во исто време, може да преставува и голем предизвик, особено за младите родители. Од друга страна, Rosa како бренд, е целосно посветена на поддршка на сите идни родители и семејства во нивната нова улога, негувајќи ја мисијата за обезбедување стабилно семејно опкружување.
Токму затоа, Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, како дел од иницијативата на Rosa за поддршка на родителството на регионално и локално ниво, започнаа кампања за прибирање финансиски средства, преку која беа издвојувани по 1 денар од секое продадено Rosa шише од 1,5 л., а средствата се насочуваа за отворање „Rosa школи за родителство“ низ целата држава.
Проектот беше спроведен во партнерство со Министерството за здравство, кое ги обезбеди просториите во јавните здравствени установи каде се лоцирани Rosa школите, но и стручниот и обучен медицински персонал кој работи во школите, додека просториите беа целосно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје.
За две години, во функција беа ставени вкупно 6 „Rosa школи за родителство“ во Скопје, Битола, Гостивар, Струмица, Охрид и Куманово, додека дополнителни 3 се планирани за 2020 година.
Со цел да обезбедиме најдобра можна имплементација на овој значаен проект, првенствено имавме за задача да спроведеме Комуникациска стратегија, како и целосна имиџ кампања на локално ниво. Дополнително, потребно беше да воспоставиме стабилно менаџирање на засегнатите страни, да обезбедиме комплетна координација на проектот во текот на целиот процес на реновирање на просториите, но и целосна ПР поддршка, пред, за време и по отворањето на сите Rosa школи.
Проектот постигна пласман од над 200 ПР објави во релевантните национални медиуми, вклучително и многу ТВ-прилози во вести во ударни термини. Покрај тоа, проектот „Rosa школи за родителство“ е познат и препознатлив меѓу пошироката јавност.