Coca-Cola Активни зони

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Како дел од глобалната платформа која промовира активен животен стил за сите категории граѓани, Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, во партнерство со локалните власти, од 2016 до 2018 година донираа вкупно 15 фитнес рекреативни простори на отворено наречени „Coca-Cola Активни зони“ во исто толкав број на различни општини низ цела Македонија.

Рекреативните зони на локалните заедници не беа донирани по случаен избор, туку преку цврсто партнерство меѓу клиентот, Агенцијата и локалните власти. Заеднички ги идентификувавме општините каде што имаше најголема потреба од ваков вид рекреативни простори, и тоа во време кога свеста за тренинг на отворено сè уште беше на ниско ниво.

Со цел да обезбедиме промоција, но и да ја зајакнеме перцепцијата за Пивара Скопје и Coca-Cola како општествено одговорни компании кои инвестираат во активниот животен стил кај сите категории граѓани, 3 години по ред со поддршка на локалните власти организиравме локални настани за отворање на „Активните зони“.

Овие настани претставуваа обединувачка сила на целокупната локална заедница, од деца и семејства, преку училишта и рекреативци, до професионални спортисти, во едно единствено искуство на отворено. Дополнително, проектот инспирираше илјадници граѓани да започнат поактивен животен стил, но и да поминуваат повеќе време со своите блиски и да уживаат во моментите на рекреативен спорт и среќа.

Сепак, тоа не беше сè. „Активните зони“ станаа симбол на препознавање во општините и инспирираа многу други компании да реализираат проекти од ваков тип.

Во однос на ПР-от, секое отворање беше поддржано од силно медиумско покривање од најрелевантните национални и локални медиуми, што на крајот резултираше со речиси 500 ПР бесплатни објави за сите 3 циклуси на проектот.