Насилството врз жените и девојчињата е една од најчестите повреди врз човековите права и има долгорочни последици врз животите на жените, врз нивните семејства, заедницата и поширокото општество.
За таа цел, секоја година во ноември, UNDP ја реализира својата „16 дена“ кампања стремејќи да стави крај на родовото насилство. Во 2018 година нашата задача беше да развиеме и имплементираме креативна и несекојдневна кампања за подигнување на свеста за ставање крај на насилството врз жените, но и да го поттикнеме светот да слушне.
Свесни колку е навистина важно да се потенцира важната улога која сите ја играме во адресирање на ова прашање, во текот на 16-те дена ги обоивме во портокалово клучните места, но и свеста на публиката.
Инспирирани од глобалното мото на кампањата во 2018 #HearMeToo, го искористивме гласот и звукот на жената-жртва, со цел емотивно да ја врземе целната публика со нејзиниот СОС повик за помош, но исто така и ја насочувавме јавната свест кон гласот на релевантните институции кои работат во ова поле.
Во креативен контекст, звучниот бран кој се создава од повикот за помош на малтретираната жена, беше внимателно искомбиниран со срце, како симбол за емоции, сочувство, солидарност, воља и интуиција да се стори вистинското нешто.
Преку употреба на неконвенционални канали, слоганот #HereMeToo го пренасочи фокусот од срамот и стравот на жртвите кон однесувањето на виновниците. Поттикна вирална сензација, ставајќи ги во преден план системските проблеми на сексуална злоупотреба и насилство врз жените.
И јавните личности и обичните жени, инспирирани од содржината која ја создадовме како дел од дигиталната платформа и комуникациската стратегија, го користеа хаштагот #MeToo и #СлушниЈа на социјалните медиуми, споделувајќи приказни за сексуално насилство.