Собираме и ре-креираме со Бимилк

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Бимилк, како општествено одговорна компанија, во својот централен фокус секогаш ги има децата и социјално загрозените групи, но, во овој проект наместо едноставна донација сакавме и да ги едуцираме децата за рециклирањето, грижата за животната средина, стекнувањето здрави навики уште од најрана возраст преку консумација на млеко и млечни производи, како и за хуманоста и помагањето едни на други.

За таа цел, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, го креиравме долгорочниот проект наречен „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кој се спроведуваше во 4 одделни фази. Започнавме со повик до децата во градинките од неколку различни градови низ Македонија да собираат празни картонски пакувања од „Битолско млеко“, а потоа, на креативни работилници за реупотреба, собраните пакувања од млеко ги трансформиравме во најразлични корисни предмети. Во својата трета фаза, проектот продолжи со посети од страна на ликот „Битолското чупе“ во 12 градинки, каде беше реализирана специјално подготвена едукативна програма.

Во последната, четврта фаза на проектот, организиравме голем Новогодишен хуманитарен базар во еден од трговските центри во Скопје, кој опфаќаше изложба и продажба на сите „ре-креирани“ предмети од рециклирани картонски пакувања од млеко, како и многу, многу други забавни активности. Настанот имаше за цел собирање финансиски средства наменети за СОС Детското село Македонија.

Во рамките на проектот, организиравме вкупно 12 креативни работилници и посети од страна на „Битолското чупе“, во 8 различни градови низ цела Македонија, каде успеавме да охрабриме над 2.000 деца да рециклираат и повторно да ги употребат празните картонски пакувања од млеко.

На крајот, резултатот беше изработени над 1.000 различни креативни предмети. Додека во однос на ПР-от, беа објавени 130 различни бесплатни ПР објави, со огромна рекламна, но и емотивна вредност.