Најбрзиот мобилен интернет насекаде во Македонија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Брзината на интернетот и неговата стабилност се од најголемо значење за сите корисници на интернет-услуги, затоа што силната интернет-врска може да ни го олесни секојдневниот живот и да ни го направи позабавен.

Фактот што А1 Македонија има мобилна мрежа што овозможува најбрз пренос на податоци во земјава, далеку пред конкуренцијата, според мерењата на телекомуникациското регулаторно тело АЕК, за нас беше огромна инспирација да создадеме една значајна кампања.

Водени од љубопитноста, луѓето сакаат да го истражуваат светот, а токму брзиот интернет им овозможува веднаш да ги најдат потребните одговори. А љубопитноста, секако, е најизразена во детството. Нашиот главен лик нè води кон главната порака, поставувајќи безброј прашања за брзината, притоа обидувајќи се самиот да ги најде одговорите. Дејството во телевизиската реклама се развива преку различни ситуации што ја вклучуваат брзината и се поврзани со брзината.