Основната цел на организирањето на наградна игра „Мој ДДВ #Моја награда” беше зајакнување на фискалната дисциплина. Граѓаните имаа можност за добивање на една од паричните награди до 3.000.000 денари при скенирањето на нивните фискални сметки, што беше мотивација плус да бараат и скенираат и со тоа да влијаат на намалување на даночната евазија која е штетна за економијата.
Нашиот пристап беше креирање на сеопфатна и конзистентна стратегија прилагодена на традиционалните и социјалните медиуми преку оптимизација на креативните решенија, која ќе обезбеди содржината да допре до вистинската публика во вистинското време на вистинскиот канал. Преку комбинирање на информативни и едукативни содржини, интеракција со публиката и користење на најновите трендови на комуникација на социјалните медиуми, успеавме за краток временски период да ја привлечеме јавноста и да ја стимулираме на учество.
Од почетокот на отворање на профилите за наградната игра, генериравме база од повеќе од 10.000 фанови на Facebook и Instagram како канали посебно, а за само три дена од почетокот, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките: скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260.000 на 400.000 на ден во просек), зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот, три пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно ниво.
Бројот на дневно скенирани сметки продолжи да расте и во наредниот период и надмина бројка од 600.000 скенирани сметки во просек дневно.