Мрдни со прст

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email

Во време кога државата беше во најголемата политичка криза во последните 20 години, имавме предизвик да создадеме кампања којашто ќе го поттикне и засили критичното изразување на македонските граѓани преку најразлични форми на граѓанска вклученост, но и ќе понуди можност за проактивен граѓански дијалог за искажување на своите лични перспективи.

Ги повикавме луѓето да излезат од нивната комфор зона и да престанат да се плашат, и наместо тоа, да преземат одговорност со која ќе ја покажат нивната важност во социо-политичките процеси. Преку користење на популарната фраза „Мрдни прст“, создадовме кампања која беше доволно смела за да поттикне изразување ставови, но и дискусија меѓу различни креатори на мислење.

Во првата година од проектот, изработивме веб-платформа како фокусна точка, која вклучуваше мапа на Македонија на која луѓето можеа да обележат проблем во нивната локална заедница, да предложат решение, а понатака преку пренесување на проблемот до релевантни граѓански организации, да се обидеме целосно да го решиме.

На овој начин, покажувајќи им на граѓаните како изразувањето ставови може да донесе позитивна промена, успеавме да ги охрабриме да преземат акција.

Во втората година, веб-страницата се разви во агрегатор на граѓански организации, каде поставивме профили на сите организации коишто се согласија да работат со нас. Потоа, формиравме Одбор на организации, кој на месечни состаноци развиваше разни „grassroots“ активности кои понатака беа реализирани во текот на целата година.

Комуникациските кампањи, со фокус на дигиталните и социјалните медиуми, претставуваа поддршка и целоснa имиџ кампања на сите овие активности. На социјалните медиуми ангажиравме „инфлуенсери“ и експерти за јавно мислење, кои ги инспирираа и поттикнуваа остананите да преземат акција.

Севкупно, на овој проект работевме повеќе од 2 години и имавме одлични резултати со реализирани над 100 „grassroots“ активности во кои беа вклучени повеќе од 10.000 луѓе.