УМ Скопје ја вклучи Македонија во глобалното истражување на социјалните медиуми Вејв 6.
Шестото издание на глобалното истражување на социјалните медиуму ќе има големо значење за Македонија. За прв пат од неговото постоење, УМ Скопје успеа да ја вклучи Македонија во него. Организацијата и промоцијата на истражувањето е задача на УМ Скопје.
Во 2006, УМ започна проект за мерење на степенот и влијанието на социјалните медиуми ширум светот и за истражување на новите можности во комуникациските технологии. До денес, во истражувањето учествувале преку 136.000 интернет корисници во 64 земји. Вејв 6 има најголем опсег, опфаќајќи 42.000 корисника во 62 земји.